Зелена мапа – зелена заедница

macbook


Фондацијата Импакт Нет со проектот Зелена мапа за зелена заедница предложи иновативно дигитално решенија – Мобилна апликација Green Map и интернет дата база на зелени податоци или прв зелен катастер креиран од млади. Мобилната апликација ќе биде во постојано надградување се со цел да овозможи преку дигитални алатки заедницата и граѓаните да бидат активно вклучени во мапирање на зеленилото и грижа и развој за квалитетот и квантитетот на истото, развој на должината и квалитетот на велосипедските патеки, мапирање на корпите за отпад и поттикнување на користењето на градскиот превоз.

Со мал придонес кон заштитата на животната средина преку иновативни решенија кон голем поттик во поттрага и дизајнирање кон нови уште поголеми дигитални решенија но и конкретни активности кои ќе бидат реализирани согласно политичките ветувања на локалните и националните учесници во властите и институциите.

Зошто дигитални решенија?
Затоа што тоа веќе е одлика на новото време во кое живееме, а преку нив ќе собираме податоци кои ќе ни помогнат во мапирање на квалитетот и квантитетот на зеленилото, велосипедските патеки, собирањето и преработката на отпад, јавниот транспорт и слично.

Бројките ќе сведочат за одредени потреби, приоритети, а со тоа полесно ќе имаме преглед и мониторинг на успешноста за дадените ветувања на политичките субјекти, вели Иван Трифунов кој е ангажиран од Фондацијата Импакт Нет за изведувач на мобилната апликација Зелена Мапа со четири модули.

Горан Андреевски е изведувачот на интернет дата базата и интернет страницата: www.theimpacnet.com a во мапирањето на дрвјата и површини каде може да се посадат дрвја се вклучија повеќе од 70 млади волонтери од четирите средни училишта во Велес и Младинскиот центар.

Велес може да прерасне во добар пример на трансформативна заедница кон зелена и општина која треба да го зачува приматот дека ја извојувала Еколошката Револуција! Mобилизирањето на заедницата во креирање но и користење на дигитални иновации ќе допринесе за собирање на податоци, но и потврда што е потребно да се направи и каков е квалитетот на сето тоа што се прави или што не се прави.
На таков активен начин ќе успееме активно да допринесеме кон имплементација на Зелениот договор на ЕУ. Што поскоро толку подобро.

*Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #CHinMK