Изградба на оддржливи ресурси за граѓанските организации и иницијативи за просперитетен живот. Постојано подобрување на благосостојбата во заедницата и влијание за позитивни промени.
Изградба на млади лидери кои ќе креираат одржливи економски и општествени мерки и креирање и имплементација на зелени и дигитални политики како и изградба на силни демократски и транспарентни институции и спроведување на правда. Едукација и промоција на вредностите на мирот и мирот како императив, слободата на мисла и говор, слобода на движење, слобода на медиуми. Директни насоки во промоција на: Глобалните цели на ООН, Зелениот Договор на ЕУ и лидерските вештини во градење на демократско и просперитетно општество.
Она што ни преостанува е цврство и одлучно да говориме, цртаме, замислуваме и да се надеваме за мир, слобода, отворено општество, функционална демократија.
Kолку повеќе за тоа говориме, толку повеќе тоа и ќе го имаме.
Да престанеме да размислуваме само преку црни сценарија.
Да ја отвориме вратата за нови погледи за подобро утре.
Но и да го браниме нашето општество…
Стевче Дечев, основач и претседател на Фондација Импакт Нет
Се вклучив во граѓанскиот сектор пред да наполнам 15 години. Тоа ми овозможи да стекнам голема едукација која сакам и понатаму да ја надградувам. Тоа ми овозможи да бидам и инспириран за свои професионални ангажмани со фотографија, видео снимање, едитирање. Продолжувам да се надградувам и да придонесам и други млади да ги остварат своите соништа.
Активноста во граѓанскиот сектор за мене претставува можност да придонесам кон позитивни општествени промени, да го искажам својот глас и да бидам дел од решенијата за проблемите во заедницата
Активноста во граѓански центар за мене претставува можност за активно учество во заедницата преку размена на идеи, поддршка и соработка со други млади и граѓани. Таа исто така значи создавање позитивни промени и поттикнување на општествена одговорност.