[give_form id="1787"]

За Нас

Foundation Impact Net
Стевче
Претседател и основач
Елизабета
Член на ИО на Импакт Медиа
Марио
Член на ИО на Импакт Медиа
Драгана
Член на ИО на Импакт Медиа
Don
Член на ИО на Импакт Медиа
Гоце
Член на ИО на Импакт Медиа
Томо
Член на ИО на Импакт Медиа
Биба
Меѓународна соработка
Горан
Mеѓународна соработка
Димитар
Координатор на млади
Исмаил
Координатор на млади
Благој
Mобилизатор на заедница
Иван
Mobile apps
Живко
Меѓународна соработка
Мартина
Меѓународна соработка
Елена
Проектен тим
Исак
Проектен тим
Josephine
Меѓународна соработка

Фондацијата Импакт Нет дејствува во изградба на лидери кои допринесуваат за развој на оддржливи ресурси за граѓанското општество и одржливи економски можности за младите; Подобрување на благосостојбата и квалитетот на живеење преку евроинтегрирачките процеси и влијание за позитивни промени преку имплементација на зелени политики, изградба на мирот и мирното решавање на конфликти и изградба на демократски институции.

Фондацијата Импакт Нет – лидери во мисија за мир, слобода и просперитет својата работа во Македонија ја започна како подружница на Норвешка програма во 2003 г. првенствено дејствувајќи на полето на едукација и промоција на здрав и позитивен имиџ и превенција од зависности, за во 2005 г. да прерасне во домашно регистрирана фондација.

Следејќи ги светските трендови и приоритети во 2017 г. фондацијата постави нови цели и мисија на дејство вклучувајќи се во Глобалните цели на ООН.

Своето повеќегодишно искуство и богата лепеза на домашни и меѓународни активности во граѓанскиот сектор го надгради со имплементација на низа мерки за оддржливост.

Фокусот на нови дејности е ставен на:
– Едукација и промоција на вредностите на мирот и мирот како императив; потребата од негово изградување и оддржливост. Влијание за мирно решавање на конфликтите и изградба на генерации вљубеници во мировното општество.
– Едукација за примена на ненасилни методи и примена на зборот и дијалогот како основа на мирот, слободата и благосостојбата Well Being.
– Изградба на лидери миротворци поборници за слобода кои дејствуваат преку мирољубиви особини и изградуваат мирољубиви односи со членовите на семејството, на локално, национално и меѓународно ниво и кои го промовираат мирот, потребата од слобода и дејствувањето за просперитет преку активно инволвирање во Евроинтегрирачките процеси.
– Развој на активности за изградба на оддржливи ресурси за просперитетен живот со услови за одговорен, здрав и безбеден живот. Постојано подобрување на благосостојбата во заедницата и влијание за позитивни промени.
– Изградба на млади лидери кои ќе работат за благосостојба и просперитет наспроти сиромаштија. Млади кои ќе креираат одржливи економски и општествени мерки и креирање и имплементација на зелени политики, грижа за животната средина како и изградба на силни демократски институции, борба против корупцијата и спроведување на правда.
– Имплементација на правото на слободен избор, позитивно влијание за развој на благородниот идеал за слобода како самоконтрола и себереализација. Посебен фокус ќе биде ставен на слобода на мисла и говор, слобода на движење, слобода на медиуми.

ИСТОРИЈАТ

Фондацијата Импакт Нет во 2003 г. започна да дејствува по програма на Фондацијата Марита од Норвешка и под името Фондација Марита МК, а по програма за едукација, промоција на здрав и позитивен имиџ и превенција од зависности. Работата на Фондацијата Марита е почитувана од Владата на Кралството Норвешка и со нејзина поддршка и со поддршка од Фондацијата Њу Старт и Ост, Фондацијата Нетворк Мисија од Осло и Претседателот на Република Македонија г-дин Борис Трајковски, беше отворена поддружница во Република Македонија под името Марита МК, а од декември 2005 г. Марита МК прерасна во домашна Фондација.

Фондацијата Марита за едукација, промоција на здрав и позитивен имиџ и превенција од зависности е меѓународна мрежа на организации. Својата работа ја има започнато во 1984 г. во Норвешка. Пораката што ја пренесува преку своето функционирање за превенција од зависности има стигнато до повеќе од милион млади ширум Европа.

Првичните цели ги остваруваше преку:
– Едукација за превенција од дрога и други зависности, превенција од ХИВ и промоција на здрав и позитивен имиџ кај младите.
– Издавачка дејност преку издавање на брошури, списанија и електронски гласила;
– Посети на училишта и младински центри и оддржување на обуки во истите;
– Реализација на низа проектни активности за развој на волонтерството и корисно потполнување на слободното време на младите и развој на неформално образование и директна имплементација на развојни проекти за просперитет како и организирање на семинари на кои јасно се упатуваа пораките за превенција и штетните последици од користење на дрога и изградба на млади лидери и промотори на здрав и позитивен имиџ.

Во периодот од 2004 до 2009 Марита Македонија покажа оддлични резултати во полето на превенција од дрога и зависности, оддржувајќи над 250 превенции/предавања во над 130 училишта и младински центри во 34 општини, каде над 36 000 млади ја слушнаа пораката ПРЕСТАНИ ПРЕД ДА ПОЧНЕШ од уникатната програма на Марита во која учествуваат лица поранешни зависници.
Пораката на Марита во себе соддржи повик дека подобро е младите никогаш да не почнат со експериментирање со дроги, отколку да се стори тоа и потоа да се бара излез.

Од 2007 до 2015 г. во рамки на Фондацијата функционираше и волонтерска канцеларија која ја раководеше Детскиот и младински парламент на Македонија – Велес преку која се оддржаа на 50-тина обуки за млади лидери и промотори на здрав и позитивен имиџ за млади.

Канцеларијата во 2007 г. беше акредитирана за инволвирање во европските програми за млади волонтери во ЕУ и реализираше младинска инфо интернет страница и печатење на гласило во 6000 примероци, како и испраќање и примање на волонтери преку програмата Млади за млади на ЕУ. Преку оваа програма над 150 млади од Македонија беа испратени на низа обуки во над 20-тина држави во Европа и Светот.

На полето на промоција на здрави животни стилови Фондацијата Марита од 2008 до 2012 г. ги реализираше програмските проекти: ОТВОРЕНО ДРУШТВО и МЛАДИ ЗА МЛАДИ – финансирани од Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Форум Сид, Скопска Пивара и Швајцарската амбасада во Република Македонија. Преку двете програми беа обучени на 450 млади волонтери од Велес, Скопје, Радовиш, Струга, Штип, Струмица и Шуто Оризари и беше реализирана младинска волонтерска канцеларија која беше и логистичка и менаџерска поддршка на низа млади музички таленти. Се оствари реализација на повеќе ТВ емисии и снимање на првата химна и спот за превенција од дрога и зависности со наслов Престани пред да почнеш преку специјално формираниот бенд – O Boys. Се формираше клубот на музички и новинарски амбасадори – промотори на здрав и позитивен имиџ.

Фондацијата Марита активно беше инволвирана во процесот на креирање на Национална стратегија за дроги во Македонија, во процесот на креирање на Локален акционен план за соработка со НВО-ии и во процесот на креирање на Национална стратегија за образование на Македонија. Беше дел од реализацијата на проекти и работилници одржани со ОБСЕ и со Локалните Самоуправи на Велес, Штип, Радовиш и Градот Скопјеи на тема борба против дрогата и криминалот.

Со поддршка на Министерството за животна средина на Република Македонија од 2011 до 2013 г. се реализираше проектот Млади за зелени општини со цел зголемување на еколошката свест кај младите и промоција на Велес како прва општина каде се оствари Зелена Револуција. Фондацијата заедно со Детскиот Парламент на Македонија – Велес во име на децата и младите од Велес додели признание, благодарност и зелени панделки на Зелените невладини организации предводници на Зелената Еко Револуција, на градоначалниците Аце Коцевски и Горан Петров, на новинарите и на политичките субјекти кои допринесоа во Велес да се затвори Топилницата – која беше со децении најголем загадувач на животната средина, труејќи и уништувајќи ги здравјето и животите на низа луѓе.

Од реализираните соработки со поединци – пријатели на фондацијата од Норвешка и од проект активности од проектите Престани пред да почнеш и Отворено друштво – финансирани од Владата на Кралството Норвешка, Фондацијата Њу Старт и Ост, Фондацијата Нетворк мисија од Норвешка и Швајцарската амбасада во Република Македонија произлегоа 6 осамостоени програми кои успешно функционираат и ден денес.

  • Прватао самостоена програма е основање на НВО-Избери живот и Центар за рехабилитација и ресоцијализација на лица – зависници од дрога во Штип, финансиран од Фондацијата Њу Старт и Ост од Норвешка.
  • Втората осамостоена програма е Едукативен центар Филео во Шуто Оризари во кој деца и млади изучуваат англиски јазик, работа на компутери и во кој функционира Музичко училиште за дувачки инструменти Friendship through the music / Пријателство преку музика во реализација со Музичката академија од Скопје, финансиран од Фондацијата Њу старт и Ост и Sissel Grhondhal.
  • Третата осамостоена програма е центарот за социјализација и бизнис на лица со оштетен слух и говор Талант кој неколку години функционираше во склоп на Меѓународната фондација Борис Трајковски, а потоа како самостојна организација и компанија, а финансирани од Фондацијата Нетворк мисија и пријатели поддржувачи од Норвешка и Америка.
  • Четвртата осамостоена програма е формирање на Лидерската група Нетворк мисија која ги промовира христијанските вредности и Радосната Вест, како и значењето на Македонија како прва држава – мајка на Христијанството во Европа и една од државите на првите Цркви во Светот, изградувајќи тесна соработка со државите од регионот на Балканот, Блискиот Исток, Норвешка, Германија, С.А.Д, Бразил, Белгија, Шведска и Израел.
  • Петата осамостоена програма беше микрокредитна програма преку која беа доделени кредити за стартап бизниси и преку која беа отворени 10тина компании во Македонија (во Велес, Штип, Скопје, Струга) за млади претприемачи. Преку истата програма фондацијата отвори и две сопствени компании за самоодржливост Good Caffee и Scandinavian Priority со што се вброи меѓу првите граѓански организации што формираа фирми за самоодржливост.
  • Шестата осамостоена програма е програмата за туризам и извоз на Македонски производи преку изградување на блиска бизнис соработка со неколку винарии и хотели во Македонија. Преку оваа програма во периодот од 2004 до 2017 г. во Македонија се донесоа над 2000 гости туристи и бизнис соработници од Норвешка, Бразил, Шведска, Германија и С.А.Д на кои им се презентираа културното и природното богатството на Македонија и можностите за низа нови проекти и бизнис дејности.

Во 2016 г. Фондацијата Марита оствари низа бизнис соработки и консултации со НВО-ии и поединци, свои поддржувачи и пријатели и во 2017 постави нови стратешки цели и насоки, а активно се вклучи во имплементирањето на Глобалните цели на ООН.

Активен фокус според новите стратешки цели бшее ставен на проектните активности:
– ХРАНА НЕ СЕ ФРЛА – Нахрани 10.000 имплементација на хуманитарни активности со цел поддршка на ранливи и сиромашни категории на лица, семејства кои се грижат за деца без родители и лица со посебни потреби. Развој на соработка со компании со цел донирање на вишокот храна, наспроти нејзино фрлање.
– Second Hand облека – развој на мрежа кои преработуваат, собираат и продаваат втора рака на облека, како модел пример од Норвешка за оддржливост.
– Раскажување на успешната приказна од ЗЕЛЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА во Велес кога не се дозволи Топилницата што го загадуваше зградот со децении, да биде повторно отворена и градење на млади генерации поборници за грижа за здрава животна средина, промовирање на зелените мерки и решенија за обновливи извори на енергија, постојана грижа за Заштитените подрачја во нашата држава и промовирање на природните богатства.
– Редовно одбележување на 1-ви Јуни Меѓународниот ден на детето и реализација на манифестацијата Божиќно новогодишно пакетче за секое дете.

Промовирање на ликот делото и хуманоста на Тоше Проески преку организирање на волонтерски и хуманитарни, музички и уметнички активности. – Реализација на програма за МЛАДИ ЛИДЕРИ.
– Реализација на активности за онлајн едукација за маркетинг и стартап – бизниси за млади.
– Реализација на програма за поддршка на заедницата за грижа и заштита од пандемијата Ковид-19, проект КОВИД МЕНАЏЕРИ.
– Реализација и промоција на Европските вредности за слобода, мир, демократија, човекови права и граѓанско општество.
– Реализација на програма WELL INSTITUT и стандарди.

Програми за проектен менаџмент, маркетинг менаџмент и програма за образование за возрасни.

Младите волонтери од Фондација Импакт НЕТ на работилници за млади во организација на ReLoad и на обуките за изборни реформи.

Проект GREEN MAP & BUS MAPPER

Импакт МЕДИА – проект за медиумска писменост, промоција на здрав и позитивен имиџ и вредности, дигитален маркетинг и борба против лажни вести, говор на омраза и младинско вработување.

Младите – двигатели на промени! Младите се клучни во создавање иновативни решенија за подобро општество. Граѓанскиот активизам води кон позитивни општествени промени. Заедно градиме посилно општество! Солидарноста и граѓанската ангажираност водат кон напредок. Биди дел од решението, не од проблемот! Активната улога во општеството помага во решавање на предизвиците. Инвентивноста и креативноста на младите носи нови перспективи за развој. Граѓанската свест е патот до подобра заедница! Одговорноста и учеството се основа за демократско општество. Младите треба да се иницијатори за подобрување на условите. Секој глас е важен – зборувај, делувај, менувај! Секој има улога во обликувањето на иднината преку активност и учество. Младите не чекаат – младите создаваат! Наместо да чекаат промени, младите можат да ги иницираат. Заедно можеме!

New books for children

Pink salmon cherry salmon combtail grami frigate mackerel snake mackrel upside-down Pink salmon cherry salmon combtail grami frigate mackerel snake ...

We build school

Vestibulum blandit libero at mauris condimentum scelerisque. In scelerisque. Maecenas nec tortor semper, euismod tortor sed, congue libero. Curabitur aliquam ...

Humanitarian aid to migrants

Nam sodales scelerisque ipsum sed vestibulum. Aliquam euismod mi vitae nibh ...
Water delivery in Africa

Water delivery in Africa

Vestibulum blandit libero at mauris condimentum scelerisque. In scelerisque in mauris ut malesuada. Nam sodales scelerisque ipsum sed vestibulum. Aliquam ...

Saving the Red Parrot Population

Pink salmon cherry salmon combtail gourami frigate mackerel snake mackerel upside-down. Arctic char, steelhead sprat sea lamprey grunion. Walleye poolfish ...

Reindeer herd helping

Pink salmon cherry salmon combtail gourami frigate mackerel snake mackerel upside-down. Arctic char, steelhead sprat sea lamprey grunion. Walleye poolfish ...