

Дали сакаш да бидеш дел од тим што создава промени во својот град?
Дали те интересираат медиуми, музика, подкасти, екологија, дигитални алатки или креативни проекти?
Тогаш ова е можност токму за тебе!
Фондацијата Импакт Нет започнува со реализација на проектот „XYZ – Green Gen лидери трансформери за зелени општини“, кој се реализира во рамките на програмата „Зелена младина, зелен раст – Акции за зелена трансформација“, финансирана од Европската Унија.
Проектот има за цел да ги вклучи младите од Велес како двигатели на позитивни промени, преку активности кои ја поврзуваат креативноста, медиумите, музиката, технологијата и грижата за природата.

Во што се ќе учествуваш како дел од проектот?
1. 🎙 Снимање на 12 поткасти
Ќе имаш можност да бидеш:
2. 🎸 Формирање младински музички бенд
Ќе организираме аудиција за младински бенд.
Избраните музички таленти ќе добијат можност да бидат музички ѕвезди и да добијат:
3. 🎥 Младинска новинарска редакција и медија маркетинг хаб
Ако те интересираат медиуми, маркетинг или новинарство – ова е твојата шанса!
Ќе работиме како вистинска медиумска редакција и ќе создадеме 40 медиумски кампањи на социјалните мрежи, а ќе имаш можност да посетуваш и професионални курсеви за медиумска продукција и дигитален маркетинг.
4. 🌳 Зелени акции за нашиот град
Ќе работиме на мобилна апликација за мапирање на места и површини во Велес каде треба да се засадат плодоносни дрвја и ќе организираме активности за озеленување и подобрување на животната средина.
5. 🍲 Проект „Храна не се фрла“
Ќе интервјуираме родители, баби и дедовци и ќе создадеме книга со рецепти и традиционални знаења, за да покажеме како мудроста на генерациите може да ни помогне да живееме поодржливо.
6. 🎓 Тренинзи и сертификати
Во рамките на проектот ќе имаме 3 тренинг обуки и повеќе работилници, водени од сертифициран обучувач од Европската Унија, а сите редовни учесници ќе добијат сертификати.
7. 🤝 Многу заеднички активности во текот на проектот
Проектот ќе трае 10–11 месеци, период во кој ќе имаме многу заеднички активности, средби и креативни иницијативи. Нашата цел со овие обуки и активности е да помогнеме во создавање визија за нови можности за младите од Велес, како и да поттикнеме што поголем број млади да се вклучат во домашни и меѓународни активности и проекти кои ги реализира Фондацијата.
8. Во текот на проектот ќе организираме и хуманитарни активности, младински забави и промоции, јавни трибини и настани, преку кои ќе сакаме да ги вклучиме и вашите врсници од градот и да создадеме позитивна енергија и заедништво во нашата заедница.
💡 Кој може да се пријави?
Сите мотивирани млади од Велес, особено ученици од прва и втора година во средно образование и девето одделение од основно образование, но добредојдени се и други заинтересирани ученици кои сакаат да бидат дел од креативни и инспиративни активности.
Пријавата за учество е во прилог на ова писмо. Истата да се потполни најдоцна до 3-ти април 2026та година.
🎯 Нашата цел е од секое училиште да имаме најмалку 10 млади учесници, кои ќе работат во различни тимови според нивните интереси – медиуми, музика, маркетинг, екологија или технологија.
🌍 Зошто да се приклучиш?
Затоа што:
Младите се тие што ја создаваат иднината.
Надополнети со твојата креативност, енергија и идеи, сите заедно можеме да изградиме позелено и поодржливо општество, инспирирано од искуството на претходните генерации и водено од принципите на Зелениот договор на Европската Унија и Агендата за Западен Балкан.
🌱 Приклучи се и стани дел од генерацијата што ќе ја направи промената!
Тимот на
Фондација Импакт Нет
Проект „XYZ – Green Gen трансформери за зелени општини“
ПРИЈАВАТА Е ВО ПРИЛОГ на линкот
>>> ПОТПОЛНЕТЕ ЈА ПРИЈАВАТА ОД ОВОЈ ЛИНК! <<<
За дополнителни информации контактирајте не на e mail: [email protected]
