Целта на постоење на Импакт Медиа е: поттикнување на иновативна работа со млади во насока на развој на квалитетни, професионални и етички медиумски содржини кои ќе го унапредат локалното новинарство, ќе промовираат позитивни општествени вредности и ќе помогнат во борбата против дезинформации, особено во Велес – симбол на дигитална трансформација, но и глобално препознатлив по “лажните вести”.
Првенствено со финансиска поддршка од Медиската Организација Reach Media Beyond од Лос Анџелес, САД и директни заложби на Елизабета и Томо Јосовиќ долгогодишни пријатели и поддржувачи на Фондацијата Импакт Нет и под менторство на Марио Часни од Хрватска го креиравме проектот Импакт Медиа.
Проектот го отсликува долгогодишното искуство од работењето во медиумите и невладините организации на Стевче Дечев, основач и претседател на Фондацијата Импакт Нет и континуираната соработка со низа медиуми и медиумски работници.
Проектот започна со реализација во 2023 г. со креирање на интернет медиумската страница
www.green-press.com и интернет радиото Импакт (кое за сега емитува 24/7 квалитетна музика).
Се набави професионална техничка аудио, видео и дигитална опрема која постојано се надградува, за во 2024 г. да се направи и сопствено студио за поткасти.
Со поддршка од Европската Унија во 2024 г. се формираше и обучи тим на млади волонтери XYZ со кои се реализираа поткасти на еколошки теми и теми за промоција на граѓанските активисти и граѓанското општество. Со тимот на млади волонтери се реализираат бројни едукации за проектен менаџмент, медиумско работење, дигитални вештини и наскоро со истиот тим ќе бидат промовирани нови брендови поврзнаи со спорт, музика, култура, млади.
Се креираше и втора медиумска инстернет страница www.impact-press.com на која е поставен и радио плеерот на интернет радиото Импакт.
Во 2025г. започнавме со реализација на вториот наш бренд на поткасти за општествени, политички, економски, верски теми, теми за ментално и физичко здравје, well стандарди, уметност.
Со ИМПАКТ МЕДИА и тимот на млади продолжуваме кон реализација на целите:
Да изградиме нова генерација млади медиумски креатори кои ќе ја предводат дигиталната трансформација во служба на вистината, транспарентноста и општественото добро.
Да го претвориме Велес од симбол на дезинформации во пример за медиумска иновација и етичко новинарство водено од млади.
Да создадеме жив, креативен медиумски екосистем во кој младите ќе бидат активни гласови, раскажувачи на локални но и национални и меѓународни приказни и двигатели на позитивни промени во општеството.
Да ги поврземе дигиталните вештини на младите со вредности – за да креираат содржини што инспирираат, едуцираат и ги обединуваат различните гласови во заедницата.
Да поттикнеме медиумска култура кај младите што се темели на факти, истражување и критичко размислување – како отпор на ерата на манипулации и лажни вести.
Да изградиме платформа што ќе опстојува и по завршувањето на проектот – младинска редакција што ќе продуцира содржини за култура, спорт, активизам и вредности што ги поврзуваат генерациите.
Импакт Медиа постои за да биде глас на моралното и етичкото размислување во современото општество, преку креативни и ангажирани поткасти и медиумски содржини. Нашата мисија е да отвориме простори за дијалог, критичка мисла и инспирација на различни актуелни теми. Веруваме дека медиумите имаат моќ да трансформираат заедници и затоа градиме платформа која поттикнува одговорност, длабочина и вистински вредности.