[give_form id="1787"]

Зелени Амбасадори – Гласот на иднината

Foundation Impact Net

Како Фондација Импакт Нет, активно сме вклучени во мисија за одржлива иднина преку промоција и практична примена на Зелениот Договор на ЕУ и Агендата за Западен Балкан. Веруваме дека е време за вистинска трансформација на нашите општества кон зелени и одржливи модели, каде што енергијата и животната средина ќе бидат третирани како највисок приоритет.

Нашиот фокус согласно Зелениот Договор е насочен кон активна промоција, говорење, залагање и дејствување за:

  • Замена на фосилните горива со чисти и обновливи извори,
  • Имплементација на алтернативна енергија, достапна и економски исплатлива (концепт Праведна Транзиција),
  • Промоција на концептот „Енергија во раце на граѓаните“,
  • Активно говорење и дејствување за здрава и чиста животна средина,
  • Зачувување и унапредување на јавното здравје преку зелени решенија.

Фондацијата зад себе има бројни еко-акции, пошумувања и јавни иницијативи, со кои го демонстрираме нашето убедување дека промени се можни кога граѓаните и институциите ќе дејствуваат заедно.

Особено би ги издвоиле проектите:
🌱 Зелена Мапа (Green Ambassadors) – за здрава, зелена и просперитетна општина финансиран од Владата на Швајцарија преку програма на МЦМС и ИФЕС и
🌍 XYZ – Green Ambassadors – промотивни поткасти за мобилизирање на локални заедници во еко-активизам, промоција на Зелениот Договор на ЕУ и дејствување за одржлив развој, поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.

Зелените Амбасадори се симбол на надеж, упорност и визија – луѓе и организации кои не се плашат да ја подигнат свеста, да делуваат и да инспирираат.

Заедно, ја градиме иднината во која чистиот воздух, зелените простори и обновливата енергија не се луксуз, туку секојдневие.