[give_form id="1787"]

Next Chapter EU – Македонија на патот кон иднината

Foundation Impact Net

Next Chapter EU е одредница и визија за Македонија како држава – за граѓаните, особено младите генерации, кои мора да ги познаваат процесите на евроинтеграција, меѓународното право и функционирањето на институциите на Европската Унија. Само со активно учество можеме да бидеме дел од големото европско семејство.

Патот кон ЕУ не е лесен. Низа пречки ќе се појавуваат – политички притисоци, лажни политики, обиди да се забави или да се запре нашето членство. Ќе слушнеме многу празни ветувања од различни политички структури кои ќе тврдат дека се за евроинтеграција, но сè додека Македонија не стане полноправна членка на ЕУ, нашата борба не смее да запре.

Алтернатива нема. Македонија географски, историски и културолошки припаѓа на Европа. Нашата иднина е во европското семејство – како дел од отворениот пазар, со зајакнати институции, со правна држава и економски развој. Тоа е патот за да ги зачуваме нашите вредности, да ја градиме демократијата, добрососедството и перспективата за младите.

Како што рече Ален Ле Роа, претставник на ЕУ, на една работна сесија во Собранието со Детскиот парламент на Македонија:
„Не овие стари транзициони политичари, вие ќе ја внесете Македонија во ЕУ.“

Тие зборови денес се обврска. Ние – младите лидери, граѓаните и новите генерации што доаѓаат – сме тие што ќе го напишеме следното поглавје на Македонија во ЕУ.